октомври 7, 2020

Охрид, 7. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Веќе една седмица големи камиони исфрлаат земја и градежен шут на потегот од кампот Ливадиштa до населбата Елен Камен, наведуваат од граѓанската иницијатива Охрид SOS. Според локалните жители цел месец јули немале снабдување со вода заради пукната цевка која била затрупана и тешко достапна од огромната количина нафрлана земја и шут. Реагирале до инспекторатот за животна средина во Струга и до локалниот водовод, но одговор немало. Ова се случува додека министерот за животна средина одржува седенки во својот кабинет, додека пратениците од Струга се привикнуваат на собраниските фотелји и ги забораваат своите ветувања, додека градоначалникот се занимава со други активности, пишуваат од Охрид SOS.

Потенцираат дека сите бараат мандат а не прават ништо, вршат јавни функции со високи плати, а воопшто не реагираат за да се сузбијат ваквите практики.

Јавниот интерес и животната средина се неважни. Важен е нечиј интерес. И повторно ќе се правдаат, ќе се кријат, ќе лажат во извештаите до УНЕСКО, додаваат од граѓанската иницијатива Охрид SOS. (Крај)

извор: Охрид SOS фото: Охрид SOS

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука