октомври 13, 2020

Скопје, 13. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 680 тестирања, при што се регистрирани 80 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 54
-Куманово 1
-Тетово 3
-Велес 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 7
-Крива Паланка 1
-Кочани 3
-Виница 2
-Делчево 1
-Свети Николе 2

Починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48 години), Струга (78 години) и Струмица (68 години).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од:

-Скопје 44
-Куманово 5
-Прилеп 7
-Тетово 3
-Битола 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 3
-Гевгелија 3
-Струмица 6
-Крива Паланка 1
-Кочани 7
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 1
-Берово 2
-Валандово 2
-Виница 3
-Свети Николе 3
-Кичево 2
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука