октомври 19, 2020

Охрид, 19. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Заштитниот знак на планината Галичица, Балканскиот рис по подолго време е регистриран од камерите во близина на репродуктивниот центар за елени.

– Опремата која беше инсталирана во Националниот парк „Галичица“ како дел од проектот #naturemk, штотуку го евидентираше присуството на Балканскиот рис на територијата на паркот, веднаш до оградата од репроцентарот за европски елен, напиша на својот профил на Твитер, Методија Саздов од Македонското еколошко друштво.

Нема достапен опис

Од 2010 година па наваму, МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои се стекнати вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно, кои ни даваат податоци за нивно правилно зачувување.

На Балканот се проценува дека има уште 40-на возрасни единки на Балкански рис, кој според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) е животно со критично загрозен статус. Меѓу главните причини за неговото исчезнување е криволовот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Методија Саздов

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука