Охрид, 20. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, со почеток во 18:30 часот, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест со возила во Охрид против „криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот“.
Протестот ќе започне од влезот во градот, а ќе заврши кај ЈП „Билјанини извори“.
Од партијата повикуваат на почитување на мерките за заштита од COVID-19 и апелираат до сите учесници да носат лична заштитна опрема. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28