COVID-19 Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата пресече: Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23:00 часот

Скопје, 20. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23:00 часот.

Исклучок се прави кај оние објекти што вршат испорака.

Донесена е одлука да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче неодамна истакна дека очекува дека овие, заедно со мерките кои ќе бидат донесени по измените на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, значајно да придонесат за намалување на бројот на новодијагностицирани. Претходниот пакет мерки опфаќа одлука за носење на опремата секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, за забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

Министерот Филипче потенцира дека доколку не се почитуваат и овие мерки, следен чекор би бил полициски час. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука