Охрид, 22. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ќе стипендира ученици и студенти од градот, за учебната 2020/2021 година.
Согласно Конкурсот за основци и средношколци за стипендии може да аплицираат талентирани ученици од VII, VIII и IХ одделение од општинските основни училишта, за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VI, VII, VIII и IX одделение (предметна настава), за талентирани ученициод I, II, III и IV година во општинските средни училишта, стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од I, II, III и IV година и посебни стипендии за ученици кои постигнале врвни резултати во областа на: спортот, шахот, литературната, музичката, ликовната уметност и други вештини.
Според Конкурсот за студентски стипендии, може да аплицираат редовни студенти на додипломски студииод I, II, III, IV, V и VI година кои студираат на државни универзитети во други земји и редовни студенти на додипломски студии од I, II, III, IV, V и VI година кои студираат на државните универзитети во земјава и живеат во потешки социјални услови.
Стипендиите се за девет месеци. Ученичките се во висина од 1.500, а студентските стипендии изнесуваат по 3.000 денари месечно.
Конкурсот е отворен до 21-ви ноември. Потребните документи кандидатите треба да ги достават на адреса: Општина Охрид улица „Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен плик со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички или студентски стипендии“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива