Охрид, 22. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Власта предводена од СДСМ воопшто не се грижи за подобар живот и повеќе пари за граѓаните во време на пандемија, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
-На вработените во ЈНУ „Институт за филм- филмска академија“ – Охрид сè уште не им е исплатена платата за месец септември и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 15-ти идниот месец. Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска наместо да ги решаваат проблемите во образованието тие создаваат нови. Пратеничката од власта, Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт воопшто не презема никакви мерки за исплаќање на задоцнетите плати на вработените. Како што локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески си поигруваа со платите во образованието така и неговите ментори го уништуваат тоа што претходно се направило. За жал, со власта на СДСМ нема напредок за универзитетите и уште долго време нема да нѐ има на Шангајската листа. ВМРО-ДПМНЕ бара итно да им биде исплатена задоцнетата плата за месец септември на вработените во Филмската академија, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес