октомври 29, 2020

Скопје, 29. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство, Венко Филипче по денешниот состанок на Советот за безбедност истакна дека, има сосема доволно болнички капацитети и реорганизација на кадарот.

Целиот клинички центар е практично во ситуација на мобилизација, сите вработени лекари ќе работат во дополнителните капацитети.

– Модуларната болница е скоро исполнета, но има место во Институтот за белодробни заболувување и Клиниката на дерматологија и Клиниката за неврологија, каде што има централен довод за кислород. Целосно се ослободени интерните одделенија, дополнителни одделенија веќе се спремни и кадарот е подротвен. Граѓаните да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита, без здравствена услуга. Мерките кои ги предлагаме и кои се изгласани, се сите оние кои важат во цела Европа, рече Филипче. 

Тој и во оваа прилика упати апел до сите граѓани да ги почитуваат сите донесени мерки за заштита од коронавирусот.

Во однос на здравствената состојба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Филипче информира дека тој од вчера е хоспитализиран на Инфективната клиника. Неговата здравствена состојба е стабилна, има благо покачена телесна температура, меѓутоа нема компликации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука