ноември 3, 2020

Охрид, 3. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 4-ти ноември 2020 година, охридскиот Црвен крст и СВР Охрид ја организираат редовната крводарителска акција, која ќе се одржи во периодот од 10:00 до 13:00 часот во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Охрид.

-Во време на кризата предизвикана од коронавирусот, трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв, информираат од Црвен крст Охрид.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.

No photo description available.

Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука