Охрид, 4. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст и СВР Охрид денеска ја организираат редовната крводарителска акција, која ќе се одржи во периодот од 10:00 до 13:00 часот во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Охрид.
-Во време на кризата предизвикана од коронавирусот, трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв, информираат од Црвен крст Охрид.
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива