ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Награда од општината за охриѓанецот Кадри Селман кој долги години го разубавува Охрид

Охрид, 9. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми ноември, а на предлог на група граѓани, градоначалникот Константин Георгиески му додели парична награда во висина од 20.000 денари на охриѓанецот Кадри Селман, вработен во „Паркови и зеленило“ на ЈП „Охридски комуналец“, кој создава убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинското светло.

Наградата му се се доделува за посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило. Колегите на Селман, едногласни дека наградата оди во вистински раце. Селман вели дека е искрено среќен за наградата и очекувал дека некој ќе знае да ја цени неговата 36 годишна работа во јавното претпријатие, односно во РЕ „Паркови и зеленило“.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите, испуштаат по некоја воздишка, честитаат, сликаат, прават селфи за спомен.

Кадри е уметник-самоук, вели, со две дипломи за средно образование. Завшил техничко-текстилно, но и електро-машинско училиште.

– Во „Паркови и зеленило“ сум полни 14 години. Фигури обликувам во текот на последниве десетина години. Работам сам, иако би сакал да имам помошник, на кого ќе му ја пренесам вештината на обликување фигури, вели Кадри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука