Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Свечености по повод годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада и патронатот на ОУ „Дебрца”

Дебрца, 10. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По повод 77 годишнината од формирањето на Првата Македонско – косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада и патронатот на ОУ „Дебрца”, за утре е предвидено положување свежо цвеќе на споменикот во село Сливово,  организација на Сојузот на борци и Општина Дебрца.

Одбележувањето ќе се реализира во согласност со пропишаните мерки на Владата заради здравствената состојба во земјата.

Првата Македонско – косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада е формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово, охридско.Бригадата броела околу 700 борци. Се состоела од борци на баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука