Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Туризам

Враќање на уплатена туристичка такса, грантови за туристички агенции и водичи за ноември и декември

Скопје, 10. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Враќање на уплатена туристичка такса, грантови за туристички агенции и водичи како самостојни вршители на дејност за ноември и декември, ова го предвидува Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година.

Од Владата информираат дека транспарентно и ефикасно ќе се вратат средствата директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса. Министерството за економија за реализација на оваа активност објавува јавен повик и подготвува онлајн апликација каде што сите субјекти поднесуваат електронска апликација со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија извршува евалуација на апликациите и изготвува Записник и Решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.

За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120.000.000 денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа.

Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000 денари.

Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 116.850.000 денари.

Со мерката е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност во Република Македонија.

Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка Лиценца и не се во редовен работен однос. Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000 денари по апликант. Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000 денари. (Крај)

извор: Влада фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука