ноември 10, 2020

Охрид, 10. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 27 прекршок за неносење лична заштита на лицето (Охрид 11, Струга 10 и Кичево 6).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука