Охрид, 12. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Корона вирусот, за жал веќе скоро цела една година е дел од нашето секојдневие, потенцираат од охридскиот Центар за јавно здравје.
-Многу инфицирани, оздравени, починати и многу со последици по својот живот – физички и душевни. Според последните објави од Светската Здравствена Организација и од страна на големите сили, се наговестува скорешно пронаоѓање на сигурна вакцина , но сепак дури и тогаш нас ни претстои долг и мачен пат на опоравување. За пациентите со COVID-19, нивните семејства и за сите оние на кои што овој вирус и сета оваа моментална хаотична состојба им оставила некаков облик на стрес, страв и неизвесност, во Одделот за Ментално здравје при ЈЗО Општа Болница Охрид започна со работа тим на здравствени работници со раководител Светлана Илоски, Спец. по клиничка психологија, информираат од Центарот.
Сите кои што чувствуваат потреба од психолошка поддршка, треба да се јават на телефонот 046/267-267, локал 140, секој работен ден, од 08:00 до 15:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес