ноември 15, 2020

Охрид, 15. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Бонбона бизнис вреден 5 милиони евра, кој власта од ДПМНЕ го подари на „ИЦС-системи“, ги покажа сите олигарски замки и закани по живот за обичниот граѓанин, реагираат од ЛО на Левица од Охрид.

-Покрај лошото осветлување и трепкање на светилките, граѓаните на Охрид се соочуваат со дополнителен проблем кој е опасен по живот. Уличните бандери, на повеќе локации низ градот се со откорнати капаци со што се изложени електрични кабли под напон, додаваат од партијата од каде бараат итно отсранување на овој проблем кој е опасен по живот и ја повикуваат општина Охрид да го раскине договорот со „ИЦС-системи“ поради неодговорното и непрофесионално работење. (Крај)

Локален Огранок Левица Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука