Скопје/Охрид, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридската соло интерпретаторка, музичарка, и членка на музички проект, Симона Попоска, во сабота, 31-ви јануари, ќе настапи на забавата по повод одбележувањето на јубилејот 55 години од издавањето на списанието за деца и млади „Наш Свет“.
Покрај Попоска, на роденденот ќе настапуваат и други македонски музичари, како Дани, Тони Зен, Мијата, Нина Јанева, Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Јана Бурческа, диџеј Фани, Ребис, Ритам плус, КУД Орце Николов и солистите на Златно славејче.
Првиот и единствен македонски неделник за млади Наш свет го слави својот 55 роденден. Станува збор за првото списание со компјутерски прелом во НИП Нова Македонија зад кое денес стои издавачката куќа Просветно дело. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива