јануари 6, 2021

Охрид, 6. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните делови, каде повремено и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 10. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука