јануари 6, 2021

Скопје/Охрид, 6. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), денешниот ден, среда, 6-ти јануари 2021 година, Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед. (Крај)

извор: МТСП фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука