Скопје/Охрид, 8. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 818 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои во Скопје се 355, а во останатите градови во земјата 463.
Според податоците од Министерството за здравство, по Скопје најмногу пациенти се хоспитализирани во Куманово-71, во болницата во Битола 30 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, во ковид центарот во Охрид има 50 пациенти, во Прилеп 55, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 10 позитивни и сомнителни на корона вирусот.
Во Скопје и во болниците низ земјава има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите, а во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес