јануари 11, 2021

Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, a врнежи од дожд има низ целата држава.

– Намалена видливост поради магла има од 50 до 100м. на планиските премини Стража и Пресека. Патниот правец Маврово – Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила. Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ  фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука