Скопје/Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 797 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 335 се во Скопје, а 442 во останатите градови, соопштија од Министерството за здравство.
После Скопје најмногу пациенти има во кумановската болница-68, а најмалку во Дебар-6 позитивни и сомнителни на COVID-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, во болницата во Штип 49 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, а во Велес се лекуваат 27 болни. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес