Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани, од утре и во Србија без ПЦР тест
Скопје, 13. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Македонските државјани од вчера може да влегуваат во Црна Гора без приложување на ПЦР тест, а од утре ова ќе важи и за преминување на српската граница.
Досега македонските државјани без Ковид тест можеа да влезат само во Албанија и Косово. Од соседните држави влезот во Бугарија е дозволен само со негативен ПЦР, а грчката граница е затворена од почетокот на пандемијата. И Турција од декемрври воведе негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за сите странски државјани.
Република Македонија пак и натаму не бара тест при влез на граничните рпемини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |