Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Поголема група граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките, поради што мораше да интервенира полицијата

Охрид, 13. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници денеска интервенирале во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

– Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука