Охрид, 29.јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Предавање на тема „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците-превенција од злоупотреба на дроги“ се одржа пред 80-тина ученици од шесто одделение во Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид.
Оваа активност ја спроведоа Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во соработка со министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во рамките на програмата „Родител-наставник“.
Целта е, покрај јакнењето на улогата на полицијата преку проактивен пристап односно соработка со заедницата, да се едуцира младата популација за да може да ги идентификува причините што придонесуваат младите да започнат со експериментирање и употреба на дрога.
Учениците се запознаваа со најчестите проблеми кои се поврзани со употребата на дроги како од здравствен, така и од психолошки, семеен и социјален аспект, со штетноста од другите пороци, а беа истакнати и законските последици.
Во проектот како предавачи се вклучени претставници на МВР но и родители.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес