Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од денес во Србија се патува без PCR тест

Скопје, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска македонските државјани може да патуваат во Србија без приложување на PCR тест, а ваква одлука од пред два дена важи и за Црна Гора.

Досега македонските државјани без Ковид тест можеа да влезат само во Албанија и Косово. Од соседните држави влезот во Бугарија е дозволен само со негативен PCR , а грчката граница е затворена од почетокот на пандемијата. И Турција од декемрври воведе негативен PCR тест не постар од 72 часа за сите странски државјани.

Република Македонија пак и натаму не бара тест при влез на граничните премини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука