COVID-19 Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Филипче: Од 21-ви јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот

Скопје, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 21-ви јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека е стабилна епидемиолошката состојба, намален е бројот на хоспитализации и има слободни болнички кревети.

– Она што е сигурно дека е од 21-ви јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а согласно проценката на ситуацијата, евентуално ќе се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има, рече Филипче.

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 18:00 часот во периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од COVID- 19 во празничниот период. Угостителите негодуваа на ваквата одлука, бараа средба со премиерот и поднесоа жалба и до Уставниот суд, но сепак скратеното работно време останува да важи до следниот четврток. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука