COVID-19 Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Парични казни за 15 лица од Охрид и 3 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 27 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 15, Струга 3 и Кичево 9).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 53 контроли во угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука