јануари 14, 2021

Охрид, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во време на здравствена криза кога Охрид битисува без странски туристи, а кај локалните жители избледе еуфоријата за прослава и голем број работници останаа без работно место и секојдневно молат за донаторска финансиска помош, за дочекот на 2021 година, општина Охрид потроши 20.600 евра, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Од 2015 до 2020 година потрошени се вкупно 141.976 евра или 8.731.547 денари за изнајмување на новогодишни сијалички и светлечки материјали, сите се изнајмени од Друштво за трговија, производство и услуги „Метал-Ват-Ел“ ДООЕЛ увоз-извоз од Скопје.

Листа од последните шест години:

2015 година – 22.869 евра;
2016 година – 23.024 евра;
2017 година – 16.249 евра;
2018 година – 30.292 евра;
2019 година – 28.942 евра;
2020 година – 20.600 евра.

No photo description available.

Низ годините наназад, општина Охрид ако умееше мудро да управува со парите, можеше да направи многу повеќе за помагична празнична атмосфера и да купат украси и реквизити кои ќе и останат трајно на општината, наместо да се изнајмуваат сијалички секоја година, а со тоа континуирано да го заштитуваат бизнисот на „Метал-Ват-Ел“ и сопствените интереси. Овој начин на делење на тендери дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошењето на парите, без да се земат предвид реалните потреби и приоритети на граѓаните, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука