Скопје/Софија, 15. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на Facebook објави дека Софија упатила вербален демарш до Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани.
– По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази до владата на РМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РМ, напиша Захариева.
Неколку бугарски медиуми синоќа објавија дека на карневалот во Вевчани било запалено бугарското знаме. (Крај)
извор: РСЕ фото: 24инфо
Прочитано: 44