јануари 15, 2021

Охрид, 15. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Снегот што синоќа интензивно паѓаше во Охрид направи покривка од 12 сантиметри, додека пак во Македонија најмноги снег наврна во Битола, 28 сантиметри.

Снегот ги израдува особено најмладите, но подеднакво уживаа и повозрасните кои излегоа и пропешачија низ охридските улици и во центарот на градот.

Во цела држава утринава беа измерени температури под нулата,од -13 во Битола, -11 во Крушево, -8 во Охрид, Прилеп и Тетово, а во Гевгелија беа измерени два степени над нулата.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 2. степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде многу студено со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука