Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Апел за помош на охриѓанецот Ади Бимбили

Охрид, 16. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата позната хуманост и да помогнат да се спаси еден млад живот.

На социјалните мрежи е објавен апел за помош на 24-годишниот охриѓанец Ади Билбили, познат музичар кој свири на кларинет, син на маестро Ружди Билбили.

Поради компликации од предходниот оперативен зафат на стомакот, Адријан мора итно да оди на повторен оперативен зафат во Турција, а според последните информации неговата здравствена состојба е серизно влошена.

Наскоро се очекува да бидат отворени жиро сметка и телефони за донации, а дотогаш може да се донира преку GoFund.me на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука