Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Вечерва ќе се прикажува документарниот филм „Чистилиште на душата” на Илија Пиперкоски

Охрид, 18. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Богојавление-Водици, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев” ќе се прикажува документарниот филм „Чистилиште на душата”.

Режијата и сценариото на филмот се на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски. Филмот е снимен во 2010 година кога беше и премиерно прикажан.

Проекцијата на документарецот е со почеток во 18:00 часот во големата сала на Центарот за култура, ќе се одржи во согласност со протоколите за заштита од COVID-19, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука