јануари 18, 2021

Охрид, 18. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера започна украсувањето на градот по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште.
Сликата може да содржи: небо, дрво, облак и од надвор

Поради пандемијата од COVID-19, годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.

Од општина Охрид повторно упатуваат апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука