Скопје, 19. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.327 тестирања, при што се регистрирани 400 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
-Скопје 198
-Куманово 28
-Тетово 16
-Прилеп 14
-Гостивар 9
-Штип 8
-Битола 7
-Велес 14
-Охрид 12
-Струмица 7
-Кавадарци 19
-Струга 7
-Кочани 5
-Кичево 8
-Гевгелија 1
-Неготино 2
-Дебар 10
-Ресен 4
-Крива Паланка 4
-Радовиш 3
-Берово 3
-Делчево 8
-Пробиштип 6
-Македонски Брод 2
-Крушево 2
-Македонска Каменица 1
-Демир Капија 2
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53 години), еден пациент од Битола (66 години), од Струмица (70 години), Кавадарци (55 години), еден пациент од Струга (77 години), еден од Кочани (71 години) и еден од Пехчево (71 години). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти од:
-Скопје 146
-Куманово 4
-Тетово 3
-Прилеп 1
-Гостивар 5
-Штип 2
-Битола 4
-Велес 3
-Струмица 2
-Кавадарци 1
-Кочани 12
-Кичево 2
-Гевгелија 1
-Дебар 1
-Радовиш 13
-Делчево 1
-Пробиштип 3
-Македонска Каменица 2
Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.392, бројката на оздравени пациенти е 73.983, на починати е 2.726, а бројот на активни случаи изнесува 12.683. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство