Скопје/Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на COVID 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 35 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 13, Кавадарци 20, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 598 и има околу 650 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес