Охрид, 27. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид доби нови возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови.
Набавена е во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, а како своевидно продолжение на проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“, преку кој беше набавена опрема за спасување во вода. Партнери во овој проект се општините Дебрца од македонска и Грамж од албанска страна, но ќе бидат користени за потребите на целиот регион.
Полека, но сигурно нашиот сон, кој го сонувавме повеќе од 15 години се оствари, да имаме модерен оперативен центар опремен со најсовремена опрема, во кој ќе работи и делува професионална спасителна служба со ефикасен систем и стандарди за спасување на планина и непристапни терени, истакна на презентацијата на опремата првиот човек на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
– Успехот со реализацијата на овие проекти сепак не е целосен, бидејќи недостасува конкретната поддршка од локалните самоуправи во регионот во кој делува службата, за континуирана одржливост на нејзината работа во иднина. Тое се предизвици кои се исправени пред нас и нема дозволиме да не обесхрабрат, ќе ги користиме сите расположливи механизми да обезбедиме видливост и препознатливост и неопходноста од постоењето и делувањето на планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, како за жителите од регионот, така и за туристите, потенцира Точков.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека интерес на Владата е да го заживее социо- економскиот живот во Охрид, а тоа не може без поддршка и развој на туризмот.
– Треба да се создадат услови туристи да има преку цела година, затоа треба да се се поттикнат алпинистичкиот, авантуристичкиот туризам… Но, не може да се зборува за туризам ако дестинацијата не е безбедна, па затоа преку програмата за прекугранична соработка обезбедена е опрема за спасување за планинската спасителна служба. Сето ова нема да биде во функција ако не се луѓето од Црвениот крст, спасувачката екипа и алпинистички клуб „Патагонија“ кои доброволно, волонтерски учествуваат во спасување на луѓе, рече Милевски.
Со овој проект ќе се дополни постоечката мрежа за спасување со два тима во Дебрца и Грамш, а сето ова ќе придонесе за препознатливост на регионот на туристичката мапа како безбедна дестинација. Сепак, најважна е вклученоста на државата и локалната самоуправа за финасирање на службата за спасување, потенцира евроамбасадорот Дејвид Гир.
– Ова е втор проект со Црвениот крст и спасувачкиот центар на планина, досега имале 40 успешни интервенции, благодарејќи на мобилната апликација за GPS следење и SOS бројот на кој туристите може да побараат помош. Покрај ова предвидено е и апликацијата да нуди збогатување на туристичката понуда преку пешачки тури по Галичица. Она што еваќно е да може да се спроведе брз трансфер перку граница во случај на незгоди од двете страни. Исто е важна и вклученоста на полициските хеликоптери во случај на извлекување. Се прават напори да се воведе патничка бродска линија Струга-Охрид-Поградец, на што работиме со сите инволвирани, рече Гир.
Општина Дебрца, со своето природно и културно наследство, кое е и светско природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на зимскиот и планинскиот туризам. Токму затоа, овој проект е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација, потенцира градоначалникот Зоран Ногачески.
Проектот „Нови можности забезбеден зимски авантуристички туризам“ е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија и Министерството за Локална Самоуправа, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца од македонска и Грамш од албанска страна како и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес