јануари 28, 2021

Охрид, 28. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид кои граѓаните ќе ги чинат над 200.000 евра на годишно ниво, порача на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Ваквиот однос на градоначалникот е крајно потценувачки и срамен, во услови на тешка економска криза, стопанство на колена, зголемен процент на невработеноста во Охрид. За партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. Наместо да се зафати со ВИСТИНСКО спроведување на препораките на УНЕСКО и овие средства да ги намени на отстранување на диви градби (јасно е дека средствата одобрени од Влада се симболични) и финансирање на ДУП-ови за да не никнуваат нови диви градби, тој ќе вработува. Малку му се 250 вработени, па ќе вработува телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци. Ги повикуваме советниците да не го поддржат предлогот на Георгиески, да застанат во одбрана на интересите на граѓаните кои ги гласале, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука