Охрид, 29. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Лекот „Ивермектин“ кој помага во лекување на коронавирусот може да се најде во Охрид.
Екипата на OhridPress утрово направи обиколка на неколку поголеми аптеки низ градот и на рафтовите можеше да се забележи лекот. Аптекарите велат дека лекот го има од средината на месецов и истиот може да се земе само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист.
Лекот ERMETIN (Ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување е на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција. „Ивермектинот“, според последното истражување на СЗО од 18-ти ноември минатата година, е единствениот лек кој е ефикасен во сите три фази од ковид заболувањето: периодот на инкубација, полесна и потешка симптоматологија.
Од охридските аптеки уште информираа дека и натаму е зголемена побарувачката на витаминска терапија, особено витамините C и D, како и цинк и селен за подобрување на имунитетот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива