јануари 29, 2021

Скопје/Охрид, 29. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија, објави на неговиот профил на Twitter д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.

Според Дојче веле, станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4-ти јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18-ти јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена.

Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот. (Крај)

извор: ПлусИнфо/Дојче веле фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука