Охрид, 1. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец јануари 2021 година, во Охрид биле регистрирани 398 нови случаи на COVID-19. Евидентирани се и 577 оздравени пациенти, а за жал имавме и 25 починати лица.
Според статистичките податоци повеќе од двојно е намалена бројката на новодијагностицирани во првиот месец од годинава споредено со декември лани. За десетина дена беше постигната бројката, што за јануари е за цел месец. Тогаш имаше 844 новозаболени, 835 оздравени и 33 починати пациенти.
Стабилна е состојбата со бројот на хоспитализации. На средината на декември во болнички услови се лекуваа околу 100 пациенти, за кон крајот на месецот да падне на 60-70. Според последните, официјални податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, на болничко лекување во Општата болница во Охрид се 50 лица.
Моментално во Охрид има 371 активен случај на коронавирус. Од почетокот на пандемијата евидентирани се 2.820 заразени со COVID-19, оздравени се 2.331 лица, а битката со вирусот ја загубија 118 пациенти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес