Охрид, 1. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишниот Д.Н. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– На 10-ти август 2020 година во Охрид, при обид на полициски службеници да го легитимираат, пријавениот почнал да бега и фрлил таблети МДМА. Тој бил лишен од слобода, а таблетите биле пронајдени и одземени, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 57