Охрид, 2. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Додека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, постојано се расфрлаат со фалби за асфалтирање на улиците во Охрид, охридските села остануваат заборавени од нив, реагираат од локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.
– Ова се фотографии од улица во селото Лескоец, едно од најголемите охридски села, неасфалтирана и целата во кал. Изгледа како надлежните да заборавиле дека и луѓето во охридските села заслужуваат живот во 21 век. Или, можеби се чекаат локалните избори и предизборната кампања, за локалната и градоначалникот, популистички и лицемерно, како и секогаш, да нафрлаат по некој слој асфалт, кој одвај ќе издржи до следните избори. А, дотогаш, на жителите од Лескоец и другите охридски села, не им преостанува ништо друго, освен да пливаат во кал. Дојде „живот“ во охридските села, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Левица