Дебрца, 2. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот за „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)“.
Проектот го спроведува Здружението Екотуризам 2016, финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Главни цели на проектот се:
– Мониторинг на најважни растителни и животински видови и хабитати во подрачјето на Белчишко Блато;
– Изградба на туристичка инфраструктура (летниковци, набљудувачница за птици, информативни табли);
– Изработка на филм за блатото;
– Подготовка на студија за валоризација на екосистемските услуги од Белчишко Блато (Сини Вирој);
– Подготовка на студија за социо-економското значење на Белчишко Блато (Сини Вирој)
– тренинг компонента за засегнати чинители и за Општина Дебрца како потенцијален управувач со подрачјето на Белчишко Блато како идно заштитено подрачје;
– јакнење на јавната свест за значењето на блатото и придобивките од него преку едукативни материјали
Денес се прославува Светскиот ден на водните живеалишта (мочуришни предели, блата), денот кога на меѓународната конференија во Рамсар во далечната 1971 година мочуришните предели добија значење, важност и утврдена вредност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива