февруари 2, 2021

Скопје/Охрид, 2. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 589 и има околу 500 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во болниците низ земјата има 334 хоспитализирани.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми. Вчера во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми, а на Инфективната клиника 9.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 25, а на Институтот за ТБЦ 26. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, во Штип 41, во Тетово 24, Велес 27, Куманово 45, Охрид 50, Прилеп 18, Гостивар 15, Струга 19, Струмица 19, Кочани 3, Кичево 8, Кавадарци 18, Гевгелија 8, Дебар 13. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука