Лондон, 3. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кина планира да обезбеди 10 милиони дози вакцини против ковид-19 на глобалната шема за споделување вакцини „Ковакс“, бидејќи три кинески компании аплицираа да се приклучат на иницијативата за одобрување, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесе Ројтерс.
Шемата „Ковакс“, поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и алијансата за вакцини „ГАВИ“, треба да започне да ги доставува вакцините на нации со ниски и средни примања веќе овој месец, со 2 до 3 милијарди дози што се очекува да бидат доставени оваа година.
Oд Кина засега не прецизираа кој тип на вакцини ќе бидат обезбедени за „Ковакс“ иницијативата.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти во јануари дека „Синовак“, Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и „КанСино Биолоџик“ се пријавиле да се приклучат на шемата. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива