Охрид, 3. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е на второ место во Република Македонија според бројот на активни случаи со коронавирус.
Според последните податоци на министерството за здравство во градов има 389 заболени од COVID-19, а од нив 50 се хоспитализирани во Општата болница.
Охрид е и на второ место, по Скопје, според бројката на хоспитализации.
Во однос пак на кумулативната инциденца, според податоците на ИЈЗ заклучно со 31-ви јануари, градов е на шесто место со 5.029,5 заболени на 100.000 жители.
– Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.654,3 на 100.000 жители, Скопје (6.549,2/100.000), Кавадарци (6.067,3/100.000), Свети Николе (5.265,2/100.000), Демир Капија (5.062,4/100.000) и Охрид (5.029,5/100.000), а најмала инциденца со 2.168,0 заболени на 100.000 жители се регистрира во Радовиш, стои во извештајот на ИЈЗ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива