Охрид, 5. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 32 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 14, Струга 2 и Кичево 16).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 54 контроли во угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 19