Охрид, 12. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро, реагираат од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.
– За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки. Сме реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со нашите колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското Езеро, реагираат од „Амфора“.
Додаваат дека се превземаат и мерки од релевантните институции, но прашуваат дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати? (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Амфора