февруари 14, 2021

Скопје, 14. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, при што се регистрирани 180 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 78
-Прилеп 18
-Кавадарци 15
-Тетово 12
-Охрид и Струмица по 10
-Куманово, Велес и Струга по 6
-Дојран 3
-Гостивар, Гевгелија и Неготино по 2
-Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево по 1

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89, 87, 79, 69, 61 и 60 години), три од Гостивар (81, 63 и 59 години), два од Куманово (71 и 62 години) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70 години) и Струга (78 години). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од:

-Скопје 146
-Куманово 14
-Тетово 8
-Велес 7
-Гостивар 5
-Кичево 4
-Струмица, Штип и Битола по 3
-Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија по 2
-Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш по 1

Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука